Top Sport

Креспо: Фудбалот на Меси му должи светска титула

Ернан Креспо еден од најдобрите напаѓачи во својата генерација вели дека Лионел Меси ќе биде запаментен како голем фудбалер дури и доколку не ја освои титулата светски првак.

„Мислам дека тоа не може да влијае на неговата фудбалска величина, тој е над сите титули. Ако размислите подобро тогаш ќе ви стане јасно дека фудбалот му должи на Меси титула светски првак“, рекол Креспо.

Креспо проговорил и за споредбите помеѓу Меси и Марадона.

„Тешко е да се зборува на таа тема. Денес никој не може да се спореди со Меси, исто како што никој не можеше да се според со Диего кога тој играше фудбал“.

Поранешниот фудбалер на Ривер Плата Парма, Лацио, Интер, Челси, Милан и Џенова во моментов е тренер на второлигашот Дафенс и Хустиси од Буенос Аирес.

Scroll to Top