Top Sport

Меси ја платил кауцијата за Роналдињо

Роналдињо вчера го напушти затворот во Асунсион и судењето во Парагвај ќе го чека во домашен притвор, сместен во луксузен хотел. Роналдињо беше уапсен пред еден месец кога во Парагвај влегол со фалсификуван пасош.

Медиумите тврдат дека властите се заинтересирани за групата со која работел Роналдињо, односно се сомневаат дека тој „перел“ пари.

Друга работа со која се занимаваат медиумите е и откаде Роналдињо нашол пари за да ја плати кауцијата. Некогаш најдобриот фудбалер во светот во Бразил е обвинет за затајување на данок поради што таму му е запленет целиот имот.

Аргентинскиот ТНТ претпоставуа дека Роналдињо успеал да скрие дел од парите што ги заработил во текот на кариерата.

Овој извор тврди дека кауцијата за Роналдињо била платена од Барселона. Се претпоставува дека 1,6 милиони евра уплатил Лионел Меси кој и претходно најави дека ќе му помогне на својот голем пријател.

Scroll to Top