Поранешниот напаѓач на Милан, Аргентинеот Ерна Креспо верува дкеа „росонерите“ можат до титлата од Серија А и им порача на играчите на им се одмаздат на Ливерпул во Лигата на шампионите. Креспо, кој играше и во Интер и во Парма во Италија, смета дека Стефано Пиоли може да го предводи тимот до титулата.
„Подготвени се за скудетото, иако не се фаворити. Имаа умен преоден рок што не е изненадување бидејќи мојот добар пријател Паоло Малдини навистина го познава фудбалот. Јувентус и Интер се фаворити, но Милан може да се натпреварува. Немаат освоено нешто многу долго време и сакаат да направат чудо“, вели Креспо за „Ла газета дело спорт“.
Милан исто така се враќаат во ЛШ оваа сезона првпат по седум години и ќе почнат против Ливерпул на 15 септември на „Енфилд“. Креспо уште се сеќава на финалето од ЛШ во 2005, кога Милан имаше 3:0 водство во Истанбул, за да загуби на пенали.
„Тоа е уште отворена рана за мене. Ливерпул-Милан е првиот меч оваа сезона и значи многу за нас. Постигнав два гола во тоа прво полувреме и никогаш не ја заборавив таа ноќ. Иако веќе се одмаздија во финалето во 2007, сега барам од момците на Пиоли да ги победат на ‘Енфилд’, да се одмаздат и да покажат што е Милан“, вели Креспо.
Crespo: "Diavolo sei pronto. Ad Anfield fammi felice. E credi allo scudetto" https://t.co/7U3dF8694r
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) September 3, 2021