Top Sport

Креспо: Интер е фаворит за скудетото, Милан му е најсериозен ривал

Аргентинската фудбалска легенда, а сега тренер на Ал-Духаил, Ернан Креспо во својата кариера играше за Милан и за Интер, така што можеби не изненадува што типува на нив во борбата за титулата во Италија.

Креспо пристигна во Интер во 2002 година и една година подоцна беше продаден на Челси, за во 2004/05 да игра како позајмен играч во Милан, за потоа да се врати во Интер од 2006 до 2009 година. Двата клуба од Милано оваа сезона имаат совршен старт на шампионатот и по интернационалната средба се среќаваат во „Дерби дела мадонина“.

„Мислам дека Интер се чекор пред другите. Имаат широк и конкурентен состав, со луѓе на секоја позиција, а Лаутаро Мартинез е феноменален напаѓач кој е подобар со секоја наредна сезона. Симоне Инзаги не може да посакаа аподобар тим. Сите други клубови имаат некои проблеми кои мораат да ги надминат, затоа Интер има предност. Милан ќе бидат најсериозните кандидати во борбата за скудетото, додека очекувам Наполи да се мачат по минатата одлична сезона“, вели Креспо во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top