Top Sport

Креспо: Меси и Агуеро во дефанзива се шетаат по терен!

Легендарниот аргентински напаѓач, Ернан Креспо ги критикуваше двете најголеми ѕвезди на „гаучосите“, Лионел Меси и Серхио Агуеро за својот настап при поразот од Колумбија во првото коло на Копа Америка.

„Немаме рамнотежа во играта затоа што имаме двајца играчи кои не и помагаат на одбраната. Тоа се Меси и Агуеро. Да, прават опасност во нападот, но во одбраната се шетаат по терен“ – вели Креспо.

Тој смета дека ѕвездите на Барселона и на Манчестер Сити се најважните играчи на Аргентина, но нивната незаинтересираност во дефанзива им отвора голема можност на противниците.

По воведниот пораз, Аргентина задутре го игра мечот од второто коло против селекцијата на Парагвај, која, пак, изненадувачки одигра само 2-2 против Катар.

Scroll to Top