Top Sport

Милан ја „моли“ УЕФА да не игра во Лига Европа идната сезона!

Екипата на Милан до последно коло се обидуваше да обезбеди учество во елитната Лига на шампиони, но не успеа во мисијата, па „росонерите“ сега ја „молат“ УЕФА наредната сезона да не играат во второто по квалитет фудбалско натпреварување, Лигата на Европа.

Италијански „Кориере дела Сера“ пишува дека Милан е сериозен во намерата да не настапува во Лига Европа идната сезона.

Доколку Европската куќа на фудбалот им излезе во пресрет на „црвено-црните“ од Милано, најмногу од таквата ситуација ќе профитира екипата на Торино.

„Росонерите“ планираат засилувања, неколку играчи се на радарот на директорот на клубот Паоло Малдини, кој досега имал разговори со Сенси и Дијавара.

Scroll to Top