Top Sport

Крилото на Лудогорец, Мисиџан осуден на шест месеци затвор

Холандското крило на Лудогорец, Виргил „Вура“ Мисиџан е осуден на шест месеци затвор поради напад на човек на паркинг во Розендал, потврдија од бугарскиот шампион.

„Не ја прифаќам одлуката на судот. Сега ќе се жалам и ја чекам конечната одлука, но дотогаш ќе се фокусирам на моите фудбалски обврски“, вели Мисиџан, кој одби да настапува за Суринам во 2014 година.

24-годишниот Мисиџан дојде во Разград од Вилем Втори во 2013 година, и со бугарскиот клуб освои три титули. Тој е обвинет дека нападнал 68-годишен човек, кој добил фрактура на скочниот зглоб и скршен лакт.

Во неделата, Лудогорец ја освои својата седма титула во низа во Бугарија на седум натпревари пред крајот на шампионатот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top