Top Sport

Расел Кроу му одговори на Клоп: Форца Рома!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека е подготвен да го ангажира „Гладијаторот“ за вечерашната пресметка со Рома, по што веднаш доби одговор од актерот Расел Кроу, кој јасно посочи дека фиктивниот лик од неговиот славен филм би навивал за Италијанците.

„Волчицата“ вечер ќе брка разлика од три гола, односно 3:0 резултат по 5:2 поразот на „Енфилд“ и Германецот беше запрашан дали го гледал филмот „Гладијатор“.

„Секако, Расел Кроу би играл во мојот среден ред“, изјави на шега Клоп.

Кроу, веднаш одговори на Твитер – „погрешен тим, Форца Рома!“.

Scroll to Top