Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Крис Смолинг пристигна во италијанската престолнина за да го комплетира договорот за позајмица на една сезона во Рома.
Смолинг беше забележан насмеан на аеродромот „Чампино“ покрај Рим, каде што веќе го држеше шалот на „волчицата“. Англичанецот сега ќе треба да ги помине медицинските тестови пред да го почне престојот на „Олимпико“. Рома се договори за само едногодишна позајмица, без можност за купување.
Тој ќе биде третиот фудбалер на Јунајтед кој заминува во Италија ова лето, откако Ромелу Лукаку беше продаден на Интер, додека Алексис Санчез замина на едногодишна позајмица, исто така во Интер.
Chris Smalling has arrived in Rome and completed a medical… ?? #ASRoma pic.twitter.com/AH5SN1g0cf
— AS Roma English (@ASRomaEN) August 30, 2019