Според италијанските медиуми, Крис Смолинг веќе го одигра последниот меч за Рома, откако преговорите со Манчестер јунајтед за комплетирање на постојан трансфер се прекинати.
„Ѓаволите“ барале 20 милиони евра за 30-годишниот централен бек, откако Рома минатата сезона плати 3 милиони евра за едногодишна позајмица, и Јунајтед ја одбиле последната понуда од Рома, јавува „Скај спорт Италија“.
Рома исто така се откажале од можноста да го ја продолжат позајмицата и ќе го пратат Смолинг назад пред осминафиналето од Лига Европа со Севилја. Смолинг одигра 37 натпревари за Рома во Серија А, Лига Европа и Копа Италија и имаше два гола.