Top Sport

Пеналот кој предизвика бунт на стартот на српската Суперлига (видео)

Партизан и Црвена звезда стартуваа со победи на почетокот на новата сезона во Суперлигата на Србија, но триумфот над Партизан на гости кај Напредак Крушевац „отвори стари рани“ и предизвика Звезда да прати писмо до Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС).

Партизан славеше со пресврт во Крушевац со 2:1 со гол од пенал во 87. минута од мечот, кога двајца фудбалери на Напредак беа во дуел, а судијата Данило Грујиќ оцени дека тоа е доволно за пенал.

Звезда по својата 3:0 победа над Нови Пазар, веднаш пратија писмо до ФСС барајќи судијата да биде казнет поради директната помош на Партизан.

„Што ќе преземете да спречите брука во српскиот фудбал“, објавија од Звезда.

Од Партизан не останаа покуси и објавија писмо со порака: „Дали сите ќе поминат онака како што Звезда поминува против Партизан?“.

Scroll to Top