Top Sport

Кристал Палас го заврши трансферот на Јереми Пино

Шпанскиот репрезентативец Јереми Пино е новото засилување на Кристал Палас, во кој ќе ја наследи улогата на доскорошниот лидер на „орлите“ Еберечи Езе.

Езе, минатата недела се пресели во Арсенал, а освојувачот на ФА Купот од трансферот заработи 79.000.000 евра. Менаџерот Оливер Гласнер експресно најде замена за Езе. Кристал Палас ќе му плати на Виљареал 30.000.000 евра за Пино.

Момчето од Канарските Острови одигра 170 натпревари за „жолтата подморница“, со напаѓачки настап од 22 гола и 23 асистенции. Тој ја освои Лигата на Европа во 2021 година, но и Лигата на нации во 2023 година со Шпанија, за која играше 15 пати.

На почетокот на сезоната, клубот од главниот град на Англија го изненади Ливерпул и го освои Комјунити Шилд, додека во Премиер лигата освои два бода во првите два натпревари.

Scroll to Top