Top Sport

Кристал палас и со 10 играчи до важни три поени (видео)

Кристал палас се искачи на петтото место во Премиер лигата по минималната 1:0 победа над Бурнемаут остварена откако лондонскиот клуб поголемиот дел од мечот го одигра со 10 играчи.

Тимот на Рој Хоџсон остана со играч помалку уште во 19. минута, кога Мамаду Сако имаше еден брутален старт и доби директен црвен картон.

Ганецот Џефри Шлуп во 76. минута истрча од средината на теренот до шестнаесетникот и сам донесе три поени за Палас, со кој тие се на петтото место на табелата со 21 поен, еден повеќе од Тотенхем, кои утре гостуваат кај Манчестер јунајтед. Бурнемаут се 12. со 16 освоени поени.

Scroll to Top