Top Sport

Јовиќ има доверба во Зидан и во Реал

Лука Јовиќ вели дека не го загубил трпението со Реал Мадрид и покрај фрустрирачкиот старт на кариерата на „Сантијаго Бернабеу“ откако ова лето беше донесен како големо засилување од Ајнтрахт Франкфурт.

Шпекулациите велеа дека во Мадрид се екстремно разочарани и дури се подготвени во јануари да го пратат на позајмица, но Србинот вели дека верува дека може да успее во Шпанија.

„Зидан ми кажа дека ми верува. Тој е среќен што сум тука и знае колку направив за да стигнам до Реал Мадрид. И јас сум среќен, но би сакал да имам повеќе минути игра“, вели Јовиќ.

22-годишниот Јовиќ вели дека е подготвен да го изддржи притисокот кој го носи играњето за Реал Мадрид и е свесен дека нема да биде лесно.

„За млад фудбалер е многу тешко воопшто да пристигне во Реал Мадрид, а уште потешко да почне да игра. Но, верувам во своите квалитети и се надевам дека ќе добијам шанса. Потребна ми е и малку среќа“, вели Јовиќ.

Scroll to Top