Top Sport

Кристал палас не потпишале со Ван Дајк бидејќи бил „спор“!

Виргил ван Дајк, дефанзивецот на Ливерпул и на холандската репрезентација, можел да стане фудбалер на Кристал палас, но во клубот одлучиле дека тој е „премногу спор“, вели поранешниот менаџер на клубот, Нил Ворнок.

„Еден кој ни избега беше Ван Дајк. Ми го понудија кога бев во Кристал палас за 5 милиони фунти. Но, скаутот кој го гледаше како игра за Селтик велеше дека е премногу спор и на крајот тој потпиша за Саутемптон. Вистинска штета, бидејќи тоа што му недостасува во брзина, го надополнува со способноста да ја ‘чита’ играта“, вели Ворнок за „Дејли мирор“.

Саутемптон го купија Ван Дајк за 13 милиони фунти во 2015 година, по што Ливерпул платија 75 милиони фунти за неговите услуги и таму стана еден од најдобрите централни бекови во модерниот фудбал.

Scroll to Top