Кристал Палас, сензационално го освои ФА купот што му овозмоѓува прв пат во клупската историја да игра во натпреварување во организација на УЕФА. Кристал Палас ќе се натпреварува во Лига Европа, доколку добие дозвола од УЕФА.
Сопственичката структура мое да го остави Кристал Палас без настап во Лига Европа оваа сезона. Џон Текстор, кој има удел во Кристал Палас, веќе има еден клуб во ова натпреварување, Олимпик Лион.
Текстор поседува 88% од акциите на Лион и 43% од акциите на Палас преку компанијата „Игл Холдингс“.
Правилата на УЕФА не дозволуваат два клуба од ист сопственик да играат во исто натпреварување, а оној што бил рангиран пониско на табелата на националното првенство би бил елиминиран.
Лион беше шести во француската Лига 1, додека Палас заврши на 12.место во англиската Премиер лига.
Како решение, беше спомената опцијата Палас да се натпреварува во Конференциската лига, но Текстор поседува и клуб таму, дански Брондби, кој беше трет во своето првенство.
Ова значи дека Кристал Палас е во безнадежна позиција и се чини дека ќе остане без Европа, ако не успее да докаже дека Текстор поседува само 25 проценти од акциите во клубот, како што тврди раководството на лондонскиот клуб.
Челниците на Палас треба да се сретнат со претставници на УЕФА и да се обидат да го решат проблемот.
Доколку Палас добие забрана за играње во Лига Европа, Нотингем Форест би влегол во ова натпреварување од Конференциската лига, додека место во Конференциската лига би се пласирал Брајтон.