Кристал Палас стигна до супер-значајна гостинска победа од 3:0 над поранешните шампиони Лестер сити за да излезат од зонат за испаѓање во меч во кој својот „пост“ го заврши Кристијан Бентеке.
По 1.106 минути игра (или 13 натпревари), белгискиот напаѓач постигна еден од трите гола за тимот на Рој Хоџсон да стигне до многу важна победа на „Кинг Пауер стадионот“ – ова беше првпат Палас да постигне голови на гости оваа сезона.
Палас, сега имаат неверојатна низа од седум натпревари без пораз и излегоа од зоната за испаѓање за 3 поени, иако Вест Бром играат во недела.