Кристал палас успеа да стигне до славна 3:1 победа на „Олд Трафорд“ за катастрофален старт на сезоната на Манчестер јунајтед, иако нивната нова ѕвезда Дони ван де Бек го постигна својот деби гол во дресот на „ѓаволите“.
Дека работите нема да одат најдобро за Оле Гунар Солскјер стана јасно многу рано, кога уште во седмата минута по слабата реакција на Виктор Линделоф ги донесе гостите во водство. Иако од овој момент, топката беше речиси постојано во посед на „ѓаволите“, резултатот на крај не беше позитивен.
Во 72. минута, по играње на рака на Линделоф во шестнаесетникот, беше досуден пенал за Палас, а ударот на Џордан Ају лесно го фати Давид де Хеа. Сепак, судијата Мартин Еткинсон сметаше дека Де Хеа тргнал прерано, и во вториот обид, поранешниот фудбалер на Јунајтед, Вилфрид Заха не згреши.
Засилувањето од Ајакс, Ван де Бек доби шанса да влезе во игра, и со малку среќа по лошата интервенција на одбраната на Палас, го постигна првенецот во дресот на Јунајтед во 80-тата минута, но само пет минути подоцна Заха стави печат на мечот со убав гол.
Резултатот само ќе ги налути навивачите на Јунајтед, кои подолго време го критикуваат тимот за слаба активност на пазарот на играчи.