Дефанзивецот на Челси, Андреас Кристенсен, ќе биде првото летно засилување за Барселона, пишува каталонскиот „Спорт“. Според изданието, одбранбениот фудбалер на англискиот премиерлигаш ја прифатил понудата од „Камп Ноу“ и по завршувањето на сезоната ќе се приклучи како слободен играч.
Двете страни се договориле за четиригодишен договор. Барселона го контактираше Кристенсен и минатото лето, а тој во јануари вети дека сериозно размислува да се пресели во Шпанија.
Репрезентативецот на Данска и пред две сезони беше расположен да се пресели на „Камп Ноу“, но тогаш Челси го блокираше неговиот трансфер. Сепак, сега е на добар пат да ја реализира својата дамнешна желба и да потпише договор со Барселона.