Top Sport

Кристијано е играч на годината, Португалецот си ќари награда

Наградите, за кои многумина не слушнале, наречени „Globe Soccer Awards“, по десетти пат беа доделени во Дубаи. Во овој избор најдобар играч во светот за 2018 година е Кристијано Роналдо, а меѓу првите пет го нема играчот што претходно ги собра сите награди, Лука Модриќ.

Самото присуство на Роналдо со целото негово семејство, јасно ставаше до знаење дека тој ќе ја добие главната награда. Португалецот е познат како голем егоист кој редовно не се појавува на церемониите кога знае дека тој нема да биде лауреатот.

 

View this post on Instagram

 

What better way to start the new year. Thanks for the appreciation and the care that I have received today.??????

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Егото не му дозволи да се појави на церемониите на УЕФА, ФИФА и „Франс фудбал“, каде главна ѕвезда беше неговиот поранешен соиграч од Реал, Лука Модриќ.

Роналдо во овој избор победи пред Антоан Гризман (Атлетико Мадрид) и Килијан Мбапе (Пари Сен Жермен).

Церемонијата во Дубаи, некои новинари ја нарекоа „Кристијано забава“, бидејќи покрај Роналдо награди добија спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратчи и неговиот менаџер Жорж Мендеш.

Globe Soccer Awards 2018:

Кристијано Роналдо – играч на годината
Атлетико Мадрид – клуб на годината
Фабиот Паратичи – спортски директор на годината
Жорж Мендеш – менаџер на годината
Звонимир Бобан – посебна награда за кариерата
Блес Матуиди – награда за кариерата
Дидие Дешамп – тренер на годината
Роналдо Назарио – награда за кариерата

Scroll to Top