Top Sport

Кристијано и на 35 години има нови трикови (видео)

Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека има трикови кои од него не сме ги виделе, кога на тренинг-сесија на Јувентус, ноншалантно ја уфрли фудбалската топка во кош на крајот на теренот.

Роналдо се врати на тренинзи во Торино откако поголемиот дел од карантинот поради корона вирусот го помина на својот роден остров Мадеира во Португалија заедно со неговото семејство. Сега, на ред е враќањето во форма за натпревари и одбрана на титулата во Серија А како и борба за трофејот од Лигата на шампионите.

Scroll to Top