Top Sport

Кристијано Јуниор повторно со прекрасен гол (видео)

За фудбалските таленти на Кристијано Роналдо Јуниор сме пишувале повеќе пати, но ова е досега најдобриот гол со кој може да се пофали осумгодишното момче.

Со видеото се пофали сам гордиот татко, кој ги прескокна репрезентативните обврски со Португалија, за да присуствува на меч на малите категории на Јувентус. Со дрес „Роналдо 7“, најстариот син на ѕвездата успева да направи фантастичен потег и да го навлече голманот, пред да ја упати топката во спротивниот агол.

Неодамна, Роналдо призна дека би сакал неговиот син да стане професионален фудбалер.

„Тој е многу конкурентен, како јас кога бев помал и навистина не сака да губи. Сто отсто сум сигурен дека ќе биде како мене. Се надевам дека со моето искуство и со мојата мотивација можам да го научам многу. Но, на крајот, тој ќе биде тоа што сака самиот“, изјави Роналдо.

Роналдо Јуниор: Вака се прави тоа, тато (видео)

 

Кристијано Јуниор го направи тоа што не можеше тато (видео)

Каков Роналдо, Кристијанито е голгетерот (видео)

Scroll to Top