Top Sport

Кристијано не простува – не се поздрави со Невил откако тој го критикуваше

Кристијано Роналдо не им простува ниту на своите поранешни соиграчи, откако не се поздрави со својот поранешен капитен, Гери Невил пред стартот на мечот со Вест хем, очигледно поради неговите критики на негова сметка минатата недела.

Роналдо имаше срдечна средба со уште еден поранешен соиграч, Луис Саха, но реши да го игнорира Невил, кој потоа саркастично му коментираше на Џејми Карагер: „Изгледа веќе не сме на листата за божиќни подароци“.

Scroll to Top