Пред да се пресели во својот нов дом во Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо ја подмирил сметката од 250.000 фунти во хотелот „Фор сизонс“ (Four Seasons) во Ријад, јавува „Мирор“.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ со своето семејство откупил 17 соби во престижниот хотел, а самиот престојувал во „Кралската“ соба на два ката, во која е вклучен и кино и позлтен толет. Иако не е потврдено каде е новиот дом на Португалецот, с верува дека е во предградието на Ријад со богат систем за безбдност.
Роналдо досега има пет меча за својот нов клуб, Ал-Наср, постигнувајќи пет гола и две асистенции. Следен меч му е против Дамак во Саудиската Про лига во сабота.