Top Sport

Кристијано побарал Реал да го донесе Де Хеа

Кристијано Роналдо неколкупати разговарал со претседателот на клубот, Флорентино Перез, и побарал клубот да го донесе голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа.

Голманот на Јунајтед и шпанската фудбалска репрезентација пред две години потпиша за Реал, но трансферот не беше реализиран бидејќи клубовите договорот го постигнаа неколку минути по истекот на преодниот рок.

Потоа Манчестер Јунајтед се откажа од помислата да го продава Де Хеа, а Реал и понатаму очајнички бара голман откако Кејлот Навас и покрај добрата форма во која брани, не ја стекна довербата.

Во Реал сметаат дека на голот треба да стои многу поголема ѕвезда од Кејлор Навас.

Можеби една од причините што Кристијано Роналдо го сака Де Хеа за соиграч, покрај исклучителните голмански квалитети, е и тоа што тие имаат ист менаџер, моќниот Португалец Жорге Мендеш.

Scroll to Top