Top Sport

Кристијано Роналдо го купил најскапиот стан во Лисабон (галерија)

Кристијано Роналдо додаде уште една недвижнина на својата импресивна листа на поседи, откако во престолнината на својата татковина, Лисабон, купил нова куќа за која платил фантастични 7.5 милиони евра, со што го има најскапиот посед во Португалија.

Според португалските медиуми, Португалецот во јули 2018 година на аукција за луксузниот стан победил двајца португалски милионери. Локацијата на имото е во квартот Авенида де Либердаде, со 288 квадратни метри.

Со бања и со внатрешен базен, во станот има и вежбална и три големи спални. Станот бил изграден пред десет години кога фудбалерот на Јувентус бил во Манчестер јунајтед, а бидејќи бил блиску до квартот каде што Роналдо ја почнал својата фудбалска кариера, Роналдо бил приврзан кон објектот.

Инаку, да се „ослободи“ од старото место на живеење во Лисабон, Роналдо неодамна го продал својот стар стан на неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Пепе за 2.5 милиони евра.

Scroll to Top