Top Sport

Кристијано Роналдо и пресуди на Парма

Фудбалерите на Јувентус триумфално го минаа гостувањето во Парма. Предводени од Кристијано Роналдо, тие славеа над Парма со 4:0.

„Старата дама“ многу лесно ја забележа шестата победа во сезоната.

Серијата на голови ја отвори играчот кој од Парма се пресели во Јувентус, Дејан Кулушевски. Шведскиот репрезентативец, со македонско потекло, го совлада Сепе во 23.минута. Три минути подоцна Роналдо ја зголеми предноста на Јувентус.

Португалецот, својот втор гол, трет за Јувентус, го постигна на почетокот на второто полувреме. Точка на натпреварот во 85.минута стави Алваро Мората.

Scroll to Top