Top Sport

Кристијано Роналдо ќе добие поголема плата

Реал Мадрид, ќе му ја зголеми платата на Кристијано Роналдо и на тој начин ќе го спречи евентуалното заминување на Португалецот.

Кристијано има договор до 2021 година, меѓутоа во изминатиот период се шпекулира дека тој би можел да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Приказните дека тој може да го напушти Мадрид најсилни беа во првиот дел од сезоната, кога Португалецот не беше во вистинската форма.

Во меѓувреме, Роналдо, повторно игра на највисоко ниво, а благодарение на неговите голови Реал успеа да се пласира во полу-финалето во Лигата на шампионите.

Флорентино Перез има намера да му ја зголеми платата од 21 на 30 милиони евра, со дополнителен бонус од два милиони евра.

Претпоставките се дека Роналдо нема да биде задоволен од покачувањето, бидејќи повторно ќе биде далеку зад Лионел Меси и Нејмар.

Нејмар во ПСЖ има годишна плата од 35 милиони евра, додека Меси годишно во Барселона заработува 45 милиони евра.

Scroll to Top