Top Sport

Кипчоге го освои Лондон, Фара со британски рекорд на трето место

Кениецот Елиуд Кипчоге по трет пат триумфираше на престижниот маратон во Лондон, додека поранешниот олимписки шампион на 5.000 и 10.000 метри, Мо Фара го сруши британскиот рекорд да го освои третото место.

Кипчоге, актуелниот олимписки шампион во маратон, до третата титула стигна со време од 2:04:16, полни 30 секунди пред второпласираниот Тола Шура Китата, откако пред трката вети дека ништо нема да го сопре на патот до титулата. Кенија оствари двојна титула, откако Вивијан Черујот ја доби женската трка.

Фара на крајот имаше време од 2:06:22, со што го сруши 33 години стариот рекорд на Стив Џонс од 1985 година.

Scroll to Top