Top Sport

Кристијано Роналдо: Мојата и ерата на Меси штотуку започна

Кристијано Роналдо рекол дека не се натпреварува со Лионел Меси за индивидуалните признанија и награди порачувајќи дека далеку е крајот на нивната ера.

Португалецот синоќа на гала-церемонијата во „Лондон паладиум“ во изборот на ФИФА беше прогласен за најдобар фудбалер во светот во 2017 година.

Кристијано Роналдо, според гласовите на селекторите и капитените на националните тимови, односно новинарите, ја доби престижната награда пред Лионел Меси и Нејмар.

„Не се натпреварувам со Меси. Тој е играч што настапува во истата ера во која сум и јас. Петпати ја добивал наградата за најдобар светски фудбалер, исто толку наградата сум јас освоил и јас. Работите се јасни. Среќен сум што играм во најдобриот тим во светот и имам можност да настапувам на највисоко ниво“, им изјавил Кристијано Роналдо на новинарите во Лондон.

Според неговите зборови, тој се чувствува дека е беспрекорно физички подготвен и дека уште долго може да игра на највисоко ниво.

На прашањето дали неговата и ерата на Меси се ближи кон крајот, Португалецот рекол:

„Сѐ уште не е завршена… Штотуку започна“.

Scroll to Top