Top Sport

Кристијано Роналдо побарал да си оди од Реал

Кристијано Роналдо побарал од Реал да го пушти да си оди по завршувањето на сезоната и тоа за „прифатлива цена“, односно далеку под една милијарда евра колку што изнесува откупната клаузула во неговиот договор кој истекува во јуни 2021 година.

Португалецот во Реал пристигна од Манчестер јунајтед во 2009 година за сума од 94 милиони евра, а според она што го пипуваат англиските и шпанските медиуми ќе го напушти Мадрид наредното лето, односно нема да остане во клубот до крајот на кариерата.

Истите извори пишуваат дека Роналдо воопшто не разговарал со претседателот на Реал Флорентино Перез и дека преку посредници му соопштил дека очекува клубот да му дозволи да си оди за обесштетување кое нема да биде поголемо од 100 милиони евра.

Португалецот сезонава не е во вистинска форма што се одрази во врз резултатите на клубот, но сепак 2017 е најуспешна во неговата кариера бидејќи освои пет трофеи со Реал и петти пат во кариерата е прогласен за најдобар во светот.

Најсериозни кандидати за добивање на неговиот потпис во минатото беа Манчестер јунајтед и ПСЖ, а веројатно е дека овие два клуба одново ќе водат битка за португалскиот фудбалер.

Scroll to Top