Top Sport

Ѓоковиќ не игра ниту во Катар, неизвесно патувањето во Австралија

Новак Ѓоковиќ се повлече од првиот официјален АТП турнир во новата сезона, Катар опен во Доха, зголемувајќи ги шпекулациите дека нема да настапи ниту на гренд слемот во Австралија.

Србинот паузира веќе шест месеци поради повреда на лактот, а не можеше да игра ниту на егзибицискиот меч во Абу Даби во петокот, кога имаше воспаление на лактот.

„За жал, ситуацијата со лактот не се смени, и уште имам болки. Затоа ќе морам да се повлечам од турнирот во Доха. Нема да се брзам и ќе се вратам само кога ќе сум 100 отсто подготвен“, напиша 30-годишниот поранешен светски број 1.

Ѓоковиќ нема одиграно конкурентен меч од Вимблдон во јули, а во петокот требаше да игра со Роберто Баутиста Агут пред да се повлече и на неговото место да игра стариот ривал Енди Мареј, кој загуби во меч од еден сет со 6:2.

Scroll to Top