Top Sport

Кристијано Роналдо се врати на тренинзите на Манчестер Јунајтед

Кристијано Роналдо се врати на тренинзите со првиот тим на Манчестер Јунајтед, откако беше суспендиран од менаџерот Ерик тен Хаг затоа што не го чекаше крајот на дербито со Тотенхем и реши предвреме да замине во соблекувалната. Покрај тоа, тој одбил и да влезе во игра како резерва на споменатиот меч.

Португалецот изминативе денови тренира индивидуално и ја пропушти пресметката со Челси. Во неделата и понеделникот тимот имаше одмор, а денеска играчите се вратија во базата во Карингтон за да се подготват за дуелот со Шериф во групната фаза од Лигата на Европа.

Се уште не е јасно дали Роналдо ќе биде вклучен во составот за овој натпревар.

Денеска се очекуваше да има и разговор меѓу Роналдо и Тен Хаг, но според „Скај Спортс“, всушност не се случил таков посебен разговор бидејќи двајцата биле во постојан контакт во последните денови.

Покрај Португалецот, денеска со тренинзи продолжија и Хари Мегваер, Дони ван де Бек и Арон Ван-Бисака. Антони Марсијал и Рафаел Варан остануваат повредени и не тренираат со тимот.

Scroll to Top