Top Sport

Кристијано Роналдо – совршена инвестиција

Јувентус за Кристијано Роналдо издовија 105 милиони евра, а две години подоцна трансферот на тогаш 33 годишниот фудбалер се покажа како полн погодок. Од моментот кога Португалецот пристигна во Јувентус приходите на клубот константно растат.

Јувентус во вторникот го продолжи спонзорскиот договор со компанијата Алијанц. Стадионот на Јувентус ќе го носи името на оваа компанија до 2023 година, а клубот од договорот ќе добие 103 милиони евра.

Економистите сметаат дека присуството на Роналдо во Торино било клучно за продолжување на соработката.

Медиумите пренесуваат дека и производителот на спортска опрема Адидас сака да го продолжи договорот со Јувентус. Понудиле сума од 51 милиони евра годишно, што е многу повеќе од сегашните 23 милиони евра на годишно ниво.

Соработка која ќе им донесе повеќе пари е договорена и со производителот на теренски автомобили Џип, од 17 на 42 милиони евра.

Клубот заработува огромна сума на пари и од продажбата на дресовите со името на Роналдо. Од доаѓањето на Роналдо биле продадени дресови во вредност од 100 милиони евра.

Челниците на Јувентус дефинитивно не згрешиле со трансферот на Португалецот.

Scroll to Top