Top Sport

Кристијано ужива со своето семејство

Кристијано Роналдо ја покажа својата ќеркичка Ева во серија постови на Инстаграм. 32-годишниот Роналдо, најверојатно ќе биде отсутен од денешниот меч од шпанскиот куп против Фуенлабрада што му даде доволно време да се подружи со големото семејство.

Роналдо има четири деца – седумгодишниот син Кристијано Јуниор, близнаците Ева и Матео кои се родија во јуни, како и Алана Мартина, последната ќерка од девојката Георгина Родригез, која се роди во ноември.

Четири деца би се „качиле на глава“ на секого, меѓутоа, Роналдо не планира да застане тука, откако неодамна изјави дека сака да има „седум деца и седум златни топки“.

Scroll to Top