Top Sport

Кристоф Галтие е новиот фаворит за тренер на Наполи

Францускиот стратег Кристоф Галтие, кој досега беше на клупата на ПСЖ, е нов фаворит за тренерската функција на италијанскиот шампион Наполи. Преговорите се веќе отпочнати.

Галтие минатата сезона го предводеше Пари Сен Жермен до титулата во Франција, но парижаните имаат намера да го раскинат договорот со 55-годишниот стратег.

Наполи е во потрага по нов тренер по разделбата со Лучијано Спалети, а Галтие е нов „пик“ на контроверзниот претседател Аурелио де Лаурентис. Тој преговараше со голем број стручњаци, но засега ниеден не ја доби неговата доверба да биде наследник на Спалети.

Кристоф Галтие се поврзува и со Олимпик Марсеј, кој исто така е во потрага по тренер по заминувањето на Игор Тудор.

Scroll to Top