Top Sport

Критики за вештачката прослава на Манчестер сити (Видео)

Манчестер сити, благодарение на победата на ВБА над Манчестер јунајтед, вчера и теоретски ја обезбеди шампионската титула во Премиер лигата.

Бидејќи победата на ВБА на „Олд Трафорд“ изгледаше како невозможна мисија во таборот на Манчестер сити не беа подготвени за прослава, па поради тоа еден од спонзорите направи симулација од победничката прослава на „Етихад“.

Овој потег во англиската и светската јавност наиде на осуда и потсмев.

„Навистина грозен, корпоративен поглед на фудбалот“ и „Во Сити ништо не е природно“, се замо дел од коментарите на социјалните мрежи.

Scroll to Top