Top Sport

ПСЖ прославуваа титула, Нејмар играше онлајн покер!

Во неделата навечер Пари Сен-Жермен ја потврди титулата во Лига 1 со фантастична 7:1 победа над досегашните шампиони Монако, но на прославата отсуствуваше нивната најголема ѕвезда Нејмар.

Бразилецот е во својата татковина опоравувајќи се од скршеното стапало, но додека неговиот клуб играше тој имаше друга „занимација“ – играше онлајн покер, иако мечот беше во позадината.

Ова налути многу навивачи на ПСЖ, посебно бидејќи тој добива стотина илјади евра секоја недела од клубот и сигурно може да издвои 90 минути да го погледне мечот (кој беше доста интересен).

Подоцна тој објави фото од титулата на ПСЖ на Инстаграм, но дали ова е уште еден знак дека тој летово ќе „летне“ од „Паркот на принцовите“?

ПСЖ ја врати титулата во Париз (Видео)

Scroll to Top