Top Sport

Криза е! По 25 години Барса ја скрати такси-службата на членовите на академијата

Навивачите на Барселона се навикнаа на тешките одлуки кои се носат последните години во каталонскиот гигант поради финансиските проблеми и кризата, а најдобар доказ за тоа е и кратењето на такси-службата за членовите на нивната легендарна академија, „Ла масија“.

Последните 25 години, клубот на своите таленти им обезбедувал бесплатно такси за тренинзи и за враќање дома, но наместо ова клубот ќе организира превоз со автобуси, тврди каталонскиот „Спорт“ за да се намалат трошоците.

„Спорт“ коментира дека одлуката е пречекана со бес од родителите на младите фудбалери, од кои некои веќе се заканиле дека ќе прејдат во друг клуб. Исто таа сосема е нејасно колку пари навистина ќе заштедат со овој потег.

Scroll to Top