Серијата без пораз на храмот „Енфилд“ за Ливерпул траеше фантастични 68 меча пред да биде прекината од Барнли, а вечерва уште еден клуб кој се бори за опстанок во Премиер лигата успеа да си замине со „цел плен“ од Мерсисајд, откако Брајтон стигна до фантастична 1:0 победа.
Дека нешто не функционира во нападот на на Јирген Клоп, кој минатата сезона безмилосно газеше на патот кон првата лигашка титула по 30 години, стана јасно во првото полувреме кога имаа само два удари на голот на противникот, најмалку оваа сезона во Премиер лигата.
Во 47. минута, ова беше казнето откако Ден Бурн нафрли добра топка, која Натаниел Филипс се обидува да ја тргне од опасната ситуација, но таа доаѓа кај Колумбиецот Стивен Алзате, кој ја сместува во мрежата.
Џеси Лингард, пак, даде два гола во својот прв меч за Вест хем, помагајќи „чеканите“ да стигнат до 3:1 победа на гости кај Астон вила и да се вратат на петтото место на табелата со само два поени помалку од четвртопласираниот Ливерпул, кој сега заостанува седум поени зад лидерот Манчестер сити, и тоа со натпревар повеќе.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 22.КОЛО
Лидс – Евертон 1:2
Астон вила – Вест хем 1:3
Ливерпул – Брајтон 0:1