Top Sport

Кризата го погоди Ајнтрахт, клубот мора да ги продава најдобрите

Ајнтрахт Франкфурт не успеа да избори пласман во европските купови, поради тоа клубот ќе мора да продава играчи. Претседтелот Волфган Шојбанг признал дека Ајнтрахт ќе мора да се раздели со своите двајца најдобри играчи Филип Костиќ и голманот Кевин Трап.

Ајнтрахт е во минус од 50 милиони евра, поради деветтото место во Бундеслигата и поради финансиската криза што ја предизвика пандемијата на вирусот Ковид-19.

Поради тоа клубот ќе мора да ги продава најдобрите играчи.

Според „Билд“ Костиќ бил проценет на 30 милиони евра, додека цената на Трап изнесува седум милиони евра. Овој извор тврди дека клубот би можел да го продаде и талентираниот Еван Ндика, кој е проценет на 13 милиони евра.

Scroll to Top