Мохамед Салах индиректно го најави своето заминување од Ливерпул.
Ливерпул се соочува со невидена криза, а најновиот шок го доживеаја на „Еланд Роуд“. „Црвените“ испуштија победа во судиското продолжение. Иако тимот водеше со 2:0, а подоцна и со 3:2, мечот заврши 3:3, што дополнително ги продлабочи проблемите.
Дека атмосферата во Ливерпул не е добра, потврди и изјавата на Салах по натпреварот. Репрезентативецот на Египет ја отвори душата, откако натпреварот против Ливерпул го гледаше од клупата за резерви.
Тој не играше и на претходниот натпревар против Вест Хем, додека на натпреварот против Сандерленд одигра само 45 минути.
Индиректно за „Скај Спорт“, Салах го најави своето заминување од „Енфилд“.
„Многу сум разочаран, направив толку многу за овој клуб сите овие години, особено минатата сезона. Ми се чини дека клубот ме фрли под автобусот. Така се чувствувам. Некој сака да го пронајде виновникот во мене. Клубот ми вети многу пред почетокот на сезоната. Сега сум на клупата, па можам да кажам дека не го одржаа своето ветување.“
Инаку, попладнево ќе се одржи кризен состанок во Ливерпул. Ќе присуствуваат сопствениците Џон Хенри и Том Вернер, генералниот менаџер Мајкл Едвардс и раководителот на спортски операции Ричард Хјуз.
Челниците процениле дека целата ситуација околу клубот е доста лоша, што бара итна реакција за да не се изгуби сезоната дефинитивно.
Наводно според челниците проблем е Мо Салах. Неофицијално, водечките луѓе од спортскиот сектор на денешниот состанок ќе добијат препорака од сопствениците радикално да реагираат, што подразбира почеток на процесот на „екстрадиција“.
Според некои информации, Арне Слот би можел да добие поддршка за да продолжи со својата работа, ни не е исклучено дека може да биде отпуштен, додека Салах ќе биде ставен на трансфер листата и исфрлен од тимот.
Салах ги поканил родителите да присуствуваат наредниот викенд на натпреварот со Брајтон, кој може да биде негов последен во дресот на Ливерпул.
„Ги поканив моите родители и им реков да дојдат на натпреварот против Брајтон. Не знам дали ќе играм или не, но сепак ќе уживам. Ќе бидам на „Енфилд“ да се збогувам со навивачите и да одам на Африканскиот куп на нации. Не знам што ќе се случи потоа, не знам што е следно. Секогаш ќе го сакам и ќе го поддржувам Ливерпул, јас, моите деца. Ливерпул секогаш ќе биде мојот тим“, рече Салах.
Ливерпул е во една од најтешките сезони во последните неколку години – проблемите со засилувањата, лошата форма на тимот и потенцијалното заминување на најголемата ѕвезда го ставаат клубот пред сериозен предизвик.
Foto/ EPA
