Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, пред неколку дена ги критикуваше колегте кои имаат специјални кореографии го треба да прослават некој гол. Крс го спомна имињата на Антоан Гризман и Пјер-Емерик Обамејанг.
„Тоа ми е смешно, најлошо е што некои од предметите ги кријат во штуцните. Еднаш од штуцните, Обамејанг извади маска и ја стави на главата кога постигна гол“, рекол Крос.
Обамејанг му одговори на Крос преку „Твитер“.
„Меѓу другото, има ли деца тој Тони Крос? Сакам да кажам дека тие работи ги правам за мојот син. Посакувам и ти еден ден да имаш деца и да можеш да ги направиш среќни како што јас тоа го правам“, напишал Габонецот.
By the way
Does this @ToniKroos have Kids?
Just to remember i did it for my son few Times and i will do it again
I wish you have Kids one day and make them happy like this Junior School pupils Talk ???? and don’t Forget #maskon #staysafe ?bis https://t.co/J4ZF1XGlsU— Aubameyang P-E (@Aubameyang7) November 12, 2020
„Тој Тони Крос е татко на три деца“, му одговорил Крос со емотикон кој испраќа бакнеж.
Кога на Обамејанг му станало јасно дека коментарот му бил глупав, се обидел да се пошегува. Објави фотографија на која се тој и Марко Ројс, маскирани во Бетмен и Робин, како слават гол додека беа соиграчи во Борусија од Дортмунд.
„Му испраќам честитики на Тони Крос и неговите деца. Твоите Бетмен и Робин“.
Send @ToniKroos congratulations for his 3 Kids cordially your Batman and Robin https://t.co/JUOYPhuC0X
— Aubameyang P-E (@Aubameyang7) November 12, 2020