Top Sport

Парагвај освои бод во Буенос Аирес

Аргентина не успеа да слави против Парагвај во натпреварот од третото коло, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Натпреварот во Буенос Аирес заврши 1:1. Парагвајците се незгоден противник за „гаучосите“, на последните осум соочувања, тие шест пати останале непоразени.

Парагвајците први постигнаа гол на „Бомбоњера“ во Буенос Аирес. Стрелец беше Анхел Ромеро во 22 минута од пенал. Аргентина израмни преку Николас Гонзалес во 41 минута. Постигнаа Аргентинците уште еден гол, преку Лионел Меси во 57.минута, кој ВАР го поништи.

Scroll to Top