Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, порачал дека Лионел Меси нема да се пресели од Барселона во „кралскиот клуб“ и дека доколку реши да замине од „Ноу Камп“ дека ќе ја напушти и Шпанија.
Една недела траат шпекулациите поврзани со иднината на Меси, откако тој во вторникот побара од Барселона да го раскине договорот.
Доколку успее да издејствува да замине како слободен играч веројатно е дека Меси ќе се пресели кај Пеп Гвардиола во Манчестер сити. Има и такви кои го поставуваа прашањето дали би можел да заврши во Реал?
На ова прашање одговор има Тони Крос.
„Не мислам дека ќе дојде во Реал. Катагорично би ја исклучил таа можност. Треба да има ма…а за да остане во Шпанија. Тешко е да се замисли Барселона без Меси. Неговото заминување ќе значи дека Барселона ќе остане без своето најсилно оружје“, рекол Крос.