Top Sport

Крос: Меси нема мадиња да дојде во Реал!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Тони Крос, имаше интересна изјава околу Лионел Меси и неговата иднина, сметајќи дека Аргентинецот едноставно нема мадиња (cojones) да направи трансфер од Барселона кај „кралевите“.

Меси е поврзуван најмногу со трансфер во Манчестер сити, а Германецот смета дека Меси нема да го направи незамисливото и како Луиш Фиго пред 20 години да направи трансфер во најголемиот ривал Реал Мадрид.

„Не верувам дека ќе дојде во Реал Мадрид, а ако морам ќе го исклучам тоа категорично. Да остане во Шпанија? За тоа ти требаат мадиња. Мислам дека никој во фудбалскиот свет не може да ја замисли Барселона без Меси“, вели Крос.

Scroll to Top