Top Sport

Крос останал во Реал бидејќи сопругата му го дозволила тоа

Тони Крос го продолжи престојот на „Сантијаго Бернабеу“ уште една сезона, продолжувајќи со клубот со кој освои четири титули од Лигата на шампионите, и сега открива дека неговаата сопруга, Џесика имала клучна улога во оваа одлука.

Германецот е во Реал Мадрид од 2014 година, и има фантастични 417 настапи за клубот.

„Мојата сопруга ми дозволи. Затоа продолжив уште една година. Кога во пензија? Има еден или два примери за луѓе кои едноставно не се способни да си заминат од фудбалот. Кога веќе не си играчот кој си бил… Навистина не сакам тоа да ми се случи и мене. Имам чувство дека оваа сезона помин исто толку добро како и претходните девет во Мадрид. Зошто не уште една? Гладен сум за фудбал и за титули“, вели Крос за „РТЛ“.

Scroll to Top