Ѕвездата на Реал Мадрид, Тони Крос првпат во кариерата ја освојува наградата за најдобар фудбалер во Германија во избор на магазинот „Кикер“.
Асоцијацијата на германски спортски новинари (ВДС) заедно со „Кикер“, му даде 185 од 475 гласови на Крос за да ја добие наградата која во 2017 ја загуби од Филип Лам. Нилс Петерсен од Фрајбург беше втор со 39 гласа, додека дефанзивецот на Шалке, Налдо беше трет со 39 гласа.
28-годишниот Крос беше клучен играч на Реал Мадрид за да ја освои третата титула од Лигата на шампионите во низа со 3:1 победата над Ливерпул во Киев во мај, а претходно го освои УЕФА Суперкупот, Шпанскиот суперкуп и Светското клупско првенство.
„Секогаш претставувало чест да се биде најдобар фудбалер во Германија. Ова е награда која не се добива лесно“, изјави Крос за „Кикер“.
?? Germany’s Footballers of 2018, awarded by ‘Kicker’ ?
? Toni #Kroos
? Dzsenifer #Marozsan? https://t.co/jIBts61Vez pic.twitter.com/v0XVPohbo8
— Germany (@DFB_Team_EN) August 5, 2018
Поранешниот тренер на Баерн Минхенм Јуп Хајнкес го победи Доменико Тедеско за најдобар тренер во 2018, откако ги предводеше Баерн до шеста титула во низа од Бундеслигата, додека Тедеско со Шалке беше втор. Хајнкес вели дека почесетен од наградата, но во изјавата се осврна на Крос.
„Кога ми кажаа дека Тони Крос е најдобар фудаблер на годината, бев посебно горд бидејќи му помогнав во кариерата. Во мојата долга кариера како тренер имав многу талентирани играчи, но со Тони Крос почувствуав нешто посебно. Тој не само што слушаше што му се кажува, туку беше и интелигентен да го примени тоа на теренот“, вели Хајнкес.
Џенифер Марошан втора сезона во низа е избрана за најдобра фудбалерка, откако ги предводеше Лион до титулата од Лигата на шампионите.