Top Sport

Metta World Peace повторно стана само Рон Артест!

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Рон Артест реши да си го врати своето обично име, откако во 2011 година го смени во бизарното име „Metta World Peace“, со надеж дека ќе ги инспирира младите да размислуваат за светскиот мир.

Ова не беше единствено име на Артест, откако во 2014 година накратко се нарекуваше Panda’s Friend (Пријател на пандите), за да ја зголеми свесноста за загрозеноста на овие животни.

Артест, кој во 2010 година ја освои титулата со Лејкерси, официјално ја заврши кариерата во 2017 година, но минатиот месец повторно беше на насловните страници, откако беше исклучен поради шутирање на топка по несогласување со одлука на судијата на БИГ3 меч, во лигата 3-на-3.

Scroll to Top