Top Sport

Морати е сигурен дека Интер не се откажале од потписот на Меси

Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати продолжува да тврди дека Лионел Меси може да се приклучи на „нераѕурите“, посочувајќи дека храброста на новиот прв човек на тимот, Стивен Жанг значи дека оваа тема тие ја сфатиле сериозно.

Морати претходно призна дека Интер се обидувале да го донесат Меси во неговите први години во Барселона, но тој решил да остане на „Ноу Камп“ поради благодарност кон тоа што клубот направил за него. Морати не го загубил сонот дека Меси еден ден ќе заигра на „Меаца“, и сега повтори дека тоа е реална можност.

„Познавајќи го Стивен Жанг и неговата храброст, тој сигурно размислувал за тоа. На крајот, договорот на Меси завршува во 2021 година и тоа не е некоја научна фантастика. Би било прекрасно, би се дала виталност на Серија А и на Интер со таков потег. Секако, ова е мое мислење, како човек кој не е во клубот и нема некоја тежина, но само кажувам дека не е нереална опција“, вели Морати.

Scroll to Top